Вести Свет Топ вести

И покрај предупредувањата на Кина, Пелоси слета во Тајван

Претседателката на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси и членовите на делегацијата слетаа во Тајван. Со ова се стави крај на шпекулациите дали таа ќе го посети Тајван и покрај заканите и повиците од страна на Кина, САД да престанат со провокациите.

По пристигнувањето во Тајпен таа се огласи на Твитер каде напиша дека нејзината посета на Тајван во никој случај не е во спротивност со долгогодишната политика на Соединетите Држави, водена од Законот за односи со Тајван од 1979 година, заедничките комуникации на САД и Кина.

На аеродромот беше пречекана и поздравена од дел од локалното население по што се упати кон хотелот каде што ќе престојува но според тамошните медиумии таму помала група на луѓе про – кинески ориентирани се собрале да изразат протест поради нејзиното доаѓање во земјата.

Претходно Кина остро реагираше на најавите за нејзината посета на островот и се закани дека доколку ситуацијата ескалира одговорноста за тоа ќе биде кај САД.

Се надевам дека американските власти јасно ќе ја разберат важноста и чувствителноста на прашањето и колку би било опасно доколку посетата навистина се случи, изјави Хуа Чунјинг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Државниот секретар Антони Блинкен пак рече дека одлуката за тоа дали Пелоси ќе го посети Тајван е нејзина и додаде дека доколку сепак реши да слета на островот сите страни треба да се однесуваат одговорно и да не се дозволи ситуацијата да ескалира.

Со своја реакција се огласи и Кремељ. Портпаролот Дмитриј Песков нагласи дека загриженоста на Кина е оправдана.

Јасно е дека имаме чувствителен став кон ова прашање, тоа е апсолутно оправдано. Наместо на ваквата чувствителност да се однесуваат со почит, САД за жал го избраа патот на конфронтација, истакна портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков.

Пред денешната посета американската морнарица распореди четири воени бродови и еден носач на авиони, а кинеските борбени летала постојано го надлетуваа воздушниот простор. Во борбена готовност беа и воздухопловните сили на Тајван. Кина се противеше на посетата на Пелоси бидејќи таа во нејзините говори често беше критички настроена кон кинеските власти и политиките на земјата во однос на островот кој иако е одделен, Кина го смета како дел од својата територија.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе