Вести Свет

Годишната инфлација во Еврозоната се искачи на 8,9 проценти

Инфлацијата во 19-те држави на Еврозоната во јули достигна рекордни 8,9 отсто, поттикната од покачените цени на енергенсите што делумно растат и поради војната во Украина, покажуваат најновите податоци на Евростат објавени денеска.

Тоа е зголемување на и онака високата инфлаторна стапка која во јуни изнесуваше 8,6 проценти.

Инфлацијата во ЕУ достигнува рекордни нивоа од 1997 година кога почна статистичкото следење на податоците.

Цените на енергенсите на годишно ниво овој месец се зголемиле за 39,7 отсто, додека оние на прехранбените производи за 9,8 проценти

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци

Kristina Kuzmanovski

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Sonja Petrusevska

Вкупно 198 пациенти прегледани изминатото деноноќе во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе