Вести Македонија Топ вести

Условни казни за 3-ца средношколци и 4-ца полнолетни кои признаа вина за насилните инциденти на протестите против францускиот предлог

Од 8-мина обвинети за учество во толпа која ќе стори кривично дело, 7-мина признаа вина за насилните инциденти во текот на протестите против францускиот предлог.

Како што јавува новинарката на Телма, Елена Ивановска Мукоска, судот на сите што признаа вина им изрече условни двегодишни затворкси казни кои ќе се реализираат доколу во наредните 4 години сторат кривично дело.

Обвинетите се ослободени од притвор.

Од седумината кои признаа вина, тројца се средношколци и имаат по 18 години или помалку.еден е на 19-годишна возраст, а останатите се до 36-годишна возраст.

При завршните зборови, обвинетите освен што признаа вина, изразија каење, ветија дека нема да повторат вакви слични дела, а се бранеле дека биле понесени од толпата која протестирала.

Меѓу другото беа обвиенети за учество во толпа која ја искорнала оградата, од каде се фрлале бекатони и камења кон собраниската зграда и полицајците во кордоните.

Обвинетите се товарат и дека повредиле 26 полицајци меѓу кои со тешки телесни повреди завршила жена полицаец ангажирана за обезбедување на протестите.

Собранието пријавило штета од 565 илјади денари (околу 9.200 евра) која ќе треба да ја платат осудените.

Утрово уште двајца учесници во инцидентите на протестите добиле условни казни, а единствениот кој не призна вина (обвинет за уништување на полициско возило) ќе оди на редовно судење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе