Вести Македонија Топ тема

Агенцијата за филм бара стандардизиран буџет за продукција на филмови

Поттикнати од најавените кратења на буџетските сретства за филмска продукција со спроведениот ребаланс, од Агенцијата за филм бараат стандардизиран буџет на годишно ниво и решавање на моделот по кој ќе се врши буџетирањето. Со тоа ќе се елиминира можната штета врз домашниот буџет, но и состојбата на несигурност, во време кога Македонија прави филмови, вклучена во копродукциски проекти, вели директорот на Агенцијата за филм.

Филмот е една комплексна организација. Значи за да дојде една екипа во РСМ, за да снима, потребно е да се потрошат десетина, илјадници евра само за транспорт. Потоа за сместување икс илјадници евра. Рачунајте, ние да бидеме во состојба да не можеме да го финансираме тој проект, не само што ќе пропадне проектот, туку ќе пропаднат и сите наши напори, инвестиции и сретства што сме ги одвоиле од буџетот. Тоа ќе биде направена штета на буџетот, изјави Бојан Лазаревски – директор на Агенцијата за филм.

Иако првично им било најавено дека од годинашниот буџет за филмска продукција, кој изнесува 170 милиони денари , со ребалансот ќе им бидат скратени 33% од сретствата, вчера Агенцијата била известена дека ќе изгубат само 17 до 18% од парите. Директорот Лазаревски вели дека најавените филмови за реализација годинава, ќе се реализираат, а оние за кои допрва се размислува да се снимаат, ќе се реализираат од март, идната година, кога ќе стигнат сретствата. И покрај проблемите, домашната рецентна кинематографија бележи успеси. Најновиот е што по скоро три децении Македонија со мнозинскиот проект на режисерката Теона Стругар Митевска ќе учествува во натпреварувачката програма „ Хоризонти“, на претстојниот филмски фестивал во Венеција. Филмот носи наслов „ Најсреќниот човек на светот“. Приказната е според вистински настан на косценаристката Елма Татарагиќ, а темата е воена.

Филмот зборува за два лика кои што се сретнуваат на една случајна средба и низ денот се опкружени со голем број луѓе.На почетокот мислиш ќе има љубов меѓу нив, за да се развие во една сосема нова, тешка и трагична ситуација, вели Лабина Митевска- актерка и продуцент на филмот.

“ Најсреќниот човек на светот“, е копродукција меѓу Македонија, БИХ, Хрватска, Словенија, Белгија и Данска, со подршка на Еуроимаж и Медиа. Од Агенцијата за филм , проектот доби 487 илјади евра.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе