Вести Македонија Топ вести

Во Словенија уапсен Хравтот Иванагиќ, осомничен во случајот „физибилити студија“ заедно со Мухамед Зеќири- во отсуство веќе му е одреден притвор

Хрватот Даниел Иванагиќ, управител на консултантското друштво „Интерхолдинг“, по кого беше распишана меѓународна потерница е уапсен на граничен премин при обид за влез во Словенија, каде се наоѓа во екстрадициски притвор.

Телма дознава дека тој бил упасен пред три дена, а од Министерството за правда повеќе детали најавуваат за утре. Иако тој се бараше по меѓународна потерница распишана од судот во Македонија, останува нејасно дали ќе се бара екстрадиција за него, бидејќи тој не е македонски државјанин.

Во отсуство на Иванагиќ, судија на претходна постапка пред три месеци му одреди мерка притвор која требаше да се активира по неговото пронаоѓање.

Иванагиќ и основачот на „Интерхолдинг“, Денис Фудуруќ, по кого сè уште се трага, се осомничени во случајот на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири кој од нив, според македонското Обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција, нарачал изработка на физибилити студија за реструктурирање на „Македонска пошта“.

Зеќири во моментот е во домашен притвор. Според Обвинителството, Зеќири ги исплатил парите, без „Интерхолдинг“ да мине на тендер, нешто што тој го негира.

„Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист, а на штета на Буџетот на Република Северна Македонија, во вкупна вредност од 57.932.100,00 милиони денари, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, беше наведено во соопштението на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

 

Мухамед Зеќири останува во притвор, Aпелација ја одби жалбата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Нигериската армија ослободи стотици заложници, најмногу жени и деца, од милитантите на Боко Харам

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе