Вести Свет

Топлотен бран зафати делови од Кина, Сад и Европа

Опасен топлотен бран зафати делови од Кина, САД и Европа при што најмалку 86 кинески градови издадоа предупредувања, а температурите се зголемуваат во југозападниот и централниот дел на САД и на Пиринејскиот Полуостров.

Кинеските метеоролози предвидуваат дека температурата во некои градови во следните 24 часа ќе достигне 40 степени Целзиусови.

Југозападните и централните области на САД се соочуваат со екстремна жештина, со 42,2  Целзиусови степени во Вако и рекордни температури измерени минатиот викенд во градови во Тексас, Колорадо, Оклахома и Арканзас.

Шпанија е зафатена од вториот топлотен бран ова лето, со температури кои оваа недела достигнаа 44  Целзиусови степени во некои региони во јужниот и југозападниот дел на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе