Вести Свет

Русија и Украина на чекор до постигнување договор за житото

Украина и Русија се на чекор до постигнување договор за извоз на житo, тврди украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.

„Украина е подготвена да го извезува своето жито. На чекор сме до постигнување договор со Русија. Во завршна фаза сме и сега сè зависи од Русија. Доколку навистина сакаат, наскоро ќе започне извозот на жито“, појаснува Кулеба.

Во тек се меѓународни преговори за организирање извоз на украинско жито преку Црното Море, каде Анкара игра активна улога.

Турски претставници разговараат за создавање таканаречен житен коридор со Киев и Москва. Претходно, Москва нагласи дека Русија не го спречува извозот на украинско жито преку море.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе гарантира непречен премин на бродови со украинско жито, доколку Киев ги исчисти своите пристаништа од мини.

Во Истанбул денеска ќе се одржи состанок за извоз на украинско жито преку море. Присутни ќе бидат воени делегации на Русија, Турција, Украина, како и претставници на Обединетите Нации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе