Од Британската метеоролошка служба предупредија на екстремно високи температури на воздухот следните денови, истакнувајќи дека за 17 јули постои 30 отсто шанси да биде најтоплиот ден во Обединетото Кралство.
Може да има опасност по животот или евентуално сериозно заболување како последица на високите температури. Како други проблеми се наведуваат затворање патишта и доцнење или откажување на железничките и воздушните услуги.
Најтоплиот ден во Обединетото Кралство беше во јули 2019 година кога во ботаничката градина во Кембриџ беа измерени 38,7 Целзиусови степени.
