Шинѕо Абе денес беше погребан во будистички храм во Токио.
Околу храмот во центарот на градот Токио се собраа стотици луѓе за да се простат од Абе.
Додека поминуваше погребната поворка насобраните граѓани облечени во црно и со цвеќе во раце извикуваа „Абе-Сан“.
Знамињата во Токио се спуштени на половина копје.
На 8 јули, 67-годишниот Абе беше застрелан за време на предизборен митинг во градот Нара, а почина во болница.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
