ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на координацијата во Собранието, на која треба да се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија предложена од Франција, со цел да го повторат барањето, информацијата од владата да се врати назад како нецелосен матетијал.
“Листот хартија е крајно непочитување на пратениците. Не може со еден лист хартија да се разговара за најважното прашање за државата во моментов. Да се достави и протоколот под итно. Собранието мора да ги чуе реакциите и на граѓаните, експертите и невладиниот сектор. Ако се изиграат процедурите, одговорноста ќе биде на Џафери. Во изминатиот период материјали беа враќани и за точка и запирка, сега се бара дебата врз лист хартија. Да се даде шанса на работната група да ги разгледа сите документи”,изјави координаторот Никола Мицевски.
