Вести Свет

Нови мерки против Ковид-19 во голем број кинески градови

Со цел да се спречи ширењето на Ковид-19 се затвараат и заклучуваат  некои деловни објекти. Kомерцијалниот центар Шангај се подготвува за уште една кампања за масовно тестирање откако регистрираше подваријанта на омикрон.

Во голем дел од Светот луѓето живеат со Корона вирусот, но Кина се држи до правилото „нулти ковид” поради тоа доаѓаат новите строги мерки на локалните власти.

Од централната влада на Кина соопштија дека мерките треба да бидат насочени за да се минимизира штетата врз економијата на земјата.

Новата подваријанта на омикрон не ги препознава старите вакцини и прележаните пациенти поради тоа поради заштита може да дојде до воведување на нови мерки во Шангај со што ќе се потресат пазарите и економијата.

Властите во Шангај, најнаселениот град во Кина со 25 милиони жители, им порачаа на граѓаните во неколку области да се тестираат двапати неделно. Жителите на Шангај и онака често се тестираат за да имаат пристап до различни локации и јавен превоз.

Дневниот број на локално пренесени инфекции во Шангај се искачи на неколку десетици од 5 јули, од едноцифрен колку што изнесуваше претходно овој месец, но останува низок според глобалните стандарди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе