Вести Свет

Макрон меѓу политичарите кои  му помогнале на Убер да го прошири својот бизнис

Илјадници тајни документи објавени од истражувачките новинари откриваат како компанијата Убер подолг временски период обезбедувала поддршка од високо-рангирани поличари и што се презела да ја избегна правдата.

Со објавата детално се обелоденува помошта која Убер ја добила од политичарите како Емануел Макрон и поранешната Европска комесарка за дигитална агенда, Нили Крос.

Документите исто така откриваат и како поранешниот директор на Убер такси компанијата, Тревис Каланик, лично наредил во случај на полициска истрага во компанијата, да биде спречен пристапот на детективите до компјутерите на Убер.

Убер тврди дека нивното поранешно однесување не е во согласност со сегашните вредности.

Објавеното Досие Убер опфаќа повеќе од 124 000 документи, вклучувајќи и 83 000 и-мејл пораки и над 1000 други фајлови, вклучувајќи и разговори од периодот од 2013 до 2017-та.

Документите биле доставени до весникот Гардијан и споделени со меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари.

Со нив се открива, за прв пат, како компанијата со кампања за јавни односи и маркетинг и лобирање вредна 90 милиони долари годишно, регрутирала пријателски политичари во обид да ја разбие и пазарно совлада Европската такси индустрија.

Првата Европска држава во која Убер започна со работа беше Франција , каде што наиде на силен отпор од такси компаниите, што кулминираше и со насилни протести на улиците. Во Август 2014, амбициозниот поранешен банкар,Емануел Макрон, штотуку бил именуван за министер за економија. По повеќето средби со тогашниот извршен директор на Убер, Каланик, Макрон и овозможил на компанијата директен пристап до него и неговиот кабинет, ветувајќи им  помош за остварување на нивните цели. За Маркон компанијата била потенцијален извор на економски раст и нови работни места.

Објавените документи откриваат и дека Еврокомесарката Нили Крос имала блиска и сеопфатна соработка со Убер, со што ги прекришила правилата за етичка работа на членовите на Европската Комисија.

Таа преговарала да стане дел од раководните тела на компанијата уште и пред да ја напушти својата работна позиција во Комсијата во 2014-тата година.

Објавените документи ја тргаат завесата зад методите кои Убер ги користел за да ги постави темелите на својата империја. Убер во моментов е компанија вредна 43 милијарди долари, која остварува околу 19 милиони возење дневно.

Досијето ги опфаќа операциите на Убер во над 40 земји во текот на периодот во кој компанијата стана глобален феномен, уништувајќи ги стандардните такси компании во голем број градови во кои и натаму функционира.

Од Москва до Јоханесбург, Убер ги субвенционирал возењата, заведувајќи ги возачите и патниците на апликацијата со понуди и ценовни модели кои не биле одржливи.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе