Продолжува спасувачката мисија по 28 годишниот Мартин. Со хеликоптери бродови и денеска се трага по третиот Mакедoнец кому му се губи траг во морските води во близина на Посиди, Халкидики. Силниот ветар ја отежнува потрагата, но од Спасувачката служба ОФКАТ, која вчера го донесе безбедно на брегот Иван, најавуваат дека потреагата ќе продолжи додека не го пронајдат Мартин.
Спасувањето луѓе во ризик е идеа а идеите не може да се мерат во трошоци ии во работа. Ова е пристапот на волонтирањето што ние го застапуваме. Пријатели, треба да знаете дека во OFKAQ нема партии, групи, раси, националности, религии и не разликуваме бели од црни, Грци од странци и богати од сиромашни! Спасувањето на некој човек за нас не е обична професионална обврска и бизнис. Целта на нашиот труд е тој човек да се врати дома жив и здрав, соопштија од офкат.
Слични уверувања добиле и во МНР.
Нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција рано наутро добиле потврда дека продолжува и денеска потрагата со спасувачка акција во полн капацитет- хеликоптер и бродови- како претходните два дена по исчезнатиот наш државјанин во местото Посиди, Грција.Здравствената состојба на двајцата државјани кои вчера и завчера беа извлечени од море е добра, истите се наоѓаат во болница и се очекува нивно брзо пуштање од болница, соопштија од министерството за надворешни работи.
Грчките медиуми јавувуваат дека во акцијата за пронаоѓање на момчето ќе се приклучат и неговите мајка и брат кои трба да допатуваат од Америка.
25-годишниот Васил бил спасен од сурферка која ги забележала и ја известила спасувачката екипа на чамец, додека 30-годишниот Иван беше спасен по 18-часовно одржување на отворено море, на околу 25 километри од местото каде пливал со другарите.
За момчињата кои дошле на Халкидики да прослават роденден овој викенд примамливата плажа Мити која изгледа егзотично, ги сокрила опасностите. Силните морски струи. Предупредување немало.
Локалните медиуми веќе прават споредби на нивната одисеја со холивудски филмови. Но еден детал кој што би се вклопил во холивудско филмско сценарио е всушност реална случка. Топката!
На 30 јуни 6 годишниот Танос и 11 годишниот Трифун ја изгубиле својата топка на островот Лемнос на 120 км од плажата Посиди. Она што било тага за двете дечиња 10-на дена подоцна му го спасило животот на Иван, пишува грчкиот протал Вориа. Семејството ја видело градочаналничката на Халкидики која вчера се сликаше со ракометната топка па испратиле и фотографија како доказ.
Елена Ивановска Мукоска
