Вести Македонија Најважни

Пронајден жив уште еден од двајцата исчезнати Македонци во водите на Егејско море

Над 18 часа во разбрануваните води на Егејското море преживеа 30 годишниот Иван, чија роденденска прослава вчера се претвори во кошмар. Заедно со уште двајца пријатели, со кои на плажата „Мити“ на Халкидики славеле роденден, влегле да пливаат, пркосејќи им на многу силниот ветер и големите бранови, по што биле одвлечени од морските струи.

По долгата потрага, денеска околу пладне е пронајден жив и во релативно добра здравствена состојба, од товарен брод што пловел под знамето на Гибралтар. На копното стапна смирен, па дури и се пошегува со новинарите кои го дочекаа со аплауз.

Мислам дека ова ви е најдобриот подарок за вашиот роденден? – Да, секако, секако, најлошиот подарок за мојот роденден, има рече Иван.

Веројатно е дека хеликоптерот што учествува во акцијата, го лоцирал исчезнатиот, по што бил информиран товарниот брод, што се наоѓал во близина, а потоа бил преземен од чамец на грчката крајбрежна служба. На еден од чамците на спасувачките екипи, додека траеше потрагата биле и татко му и брат му, кои уште вчера пристигнале на Халкидики.

Ова беше дефинитивно многу стресен настан, среќен сум што е добар, само тоа можам да го кажам. -Тој е многу силен… – Да. Јас мислев, сите мислевме дека е во лоша кондиција, но излезе добро. -Дали ви кажа нешто? – Не, тешко зборува, но мислам дека ќе биде добро. Сега го носат во болница и ќе биде добро, изјави неговиот брат за грчките медиуми.

По два часа во вода, вчера сурфер го спаси и другото момче на возраст од 25 години, а сѐ уште се трага по нивниот 28-годишен пријател. За случајот денеска се огласија и од македонското МНР.

По добиените информации за несреќата во Посиди, од вчера нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи, односно со крајбрежната служба за спасување.Генералниот конзулат во Солун е во комуникација со семејствата на загрозените наши државјани и стои на располагање за секаква помош, соопштија од министерството за надворешни работи

Македонците се бањале во морска област која локалните жители ја избегнуваат поради силните морски струи, но и поради тоа што таму се движат бродови и чамци.Ветрот бил многу силен, а брановите големи, што било дополнителна пречка за пливачите да допливаат до песочните плажи на Посиди.

Лицата на плажата сфатиле што се случило, но се` се случувало во рок од  неколку секунди и немале време да реагираат. Веднаш ги известиле надлежните, по што бил вклучен алармот. Од вчера, во потрагата се вклучени брод на крајбрежната стража, патролно возило, хеликоптер, два приватни чамци и волонтери.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе