Вести Свет

Во Велика Британија се шират подваријантите на омикрон

Продолжува растот на Ковид-19 инфекции во Велика Британија, покажуваат податоците на Канцеларијата за национална статистика, јави Би-би-си.

Порастот се должи на подваријантите на омикрон што бргу се шират.

Лицата повторно може да се заразат, дури и доколку биле позитивни на Ковид-19 претходно.

Здравствените власти апелираат секој што не примил вакцина или „бустер“ доза во изминатите шест месеци, да го направи тоа. Особено лицата над 75 години, кои се изложени на поголем ризик, кога се во прашање сериозни болести.

Податоци од британската Агенција за здравствена безбедност покажуваат дека бројот на лица со Ковид-10 во болница е зголемен кај сите возрасни групи. Но, најмногу кај оние над 75 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе