Вести Македонија Најважни

ВМРО ДПМНЕ бараат консензус, а не надгласување за францускиот предлог

ВМРО ДПМНЕ ќе учествува во дебатата за францускиот предлог, што ќе се води во Собранието, наместо во владата.

Бараат консензус за заклучоците и ги повикаа колегите од мнозинството, да не одат по принцип на надгласување, затоа што „преговарачката рамка не е прашање на бројки, туку на квалитет, добро преговарање и услови кои се прифатливи и воспоставени стандарди во ЕУ и за досегашните земји членки, како и за тие што сега преговараат„.

Предлогот во оваа форма за нив е неприфатлив.

Милошоски ги повтори шесте клучни забелешки на предлогот, со кои бараат, да се избришат едностраните декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик, билатералните договори да не бидат дел од преговарачката рамка, а Уставот да не се отвора пред почетокот на преговорите.

Повтори дека, Европа треба да се придржува до своите документи и да не ја условува Македонија со посебни услови кои дома ќе донесат само политичка поларизација и недоразбирања, а во односите со Бугарија, дополнителни тензии.

Од партијата се сомневаат дека, во протоколот „има нешто незгодно за Македонија, затоа и владата се` уште го крие„.

Вицепремиерот Артан Груби, пак, денеска рече дека меѓу придружните документи што ќе бидат испратени во Собранието ќе биде и протоколот, кој се` уште не е потпишан.

Груби тврди дека, ќе предложат заклучок со кој, стриктно се забранува, оваа или која било идна влада да носи одлуки и да преговара за какви било услови во однос на историските, културните, и јазичните особености на македонскиот народ, но и на сите други заедници во државата.

Владејачкото мнозинство смета дека за сите документи што се доставени од Брисел, како и за сите билатерални документи што се усогласуваат со Софија  партиите треба да отворат конструктивен дијалог, да донесат одлука и да ја заложат Владата со заклучоци како понатаму да постапува.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвини: ЈСП пропаѓа додека „Маратон“ наплаќа државни пари за реклами во автобусите

Sasko Dimovski

Реформа на пензискиот систем е неопходна, но без избрзани решенија и на штета на граѓаните, советуваат експертите

Sasko Dimovski

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе