Вести Македонија Најважни

Трагедијата избегната, атентат во опозиционата коалиција немаше, пиштолџијата уапсен, се бара оставка од Спасовски – но одговорноста на политичарите не живее тука

И покрај сериозниот инцидент кој можеше да предизвика големи последици и нови меѓуетнички нереди, министерот Спасовски тврди дека е избегнат поголем инцидент од поголеми размери со навремена реакција на полицијата и не е утврдена одговорност за пропусти.

– Ќе видите дека полицијата го спречила инцидентот и тоа поголем број на полициски службеници. Погледнете ги видеата коишто беа објавени од медиумите и од нас. Не треба да дојде до ова секако. За да не дојде до ова секој еден граѓанин мора да знае дека мирни протести мора да бидат, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.  

-Никому не му е дозволено да вади огнено оружје и да загрозува безбедност на ниту еден граѓанин во државата. Никој да не оправдува вадење на огнено оружје во јавност. Апсолутно можеше да дојде до многу поголеми последици. Затоа апелирам и до граѓани и до политичките субјекти и сите коишто учествуваат на протестите да бидат на мирни протести. Вандализмот и насилството нема да даде резултати во ниту еден случај и тоа за која било тема или постапка да интервенираме во јавноста, изјави Спасовски.

На прашањата за оставка не размислува и не одговори директно.

По неговата изјава во центарот за обука, стигна и барање од опозицијата- Спасовски, но и Османи поради своите „прогнози“ за меѓуетнички тензии да си дадат оставки. Луѓето во МВР направиле пропусти бидејќи не предвиделе инциденти, а можели да има и жртви, сметаат од опозицијата.

-Речиси секогаш во досегашните оперативни планови секторот Мавровка односно плоштадот Скендербег е идентификуван како критична безбедносна точка. Од причини познати на министерот, наместо адекватно обезбедување, на местото на инцидентот можеа да се забележат само тројца позорникари. Ова значи дека целосно е потфрлено во физичкото обезбедување со непредвидување на доволен број на полициски сили и соодветни материјално-технички средства. Дополнително, од професионално неразбирливи причини, мистериозно затаило и оперативното обезбедување, рече Наќе Чулев на прес-конференцијата во ВМРО-ДПМНЕ.

Од МВР возвратија на обвинувањата на поранешниот технички министер Чулев кој тврдеше дека протестот е пријавен.

Ниту е пријавен ниту има организатори ниту пак се знае рутата, а на тој начин се избегнува одговорност за оние што повикуваат на протести за инцидентите слични на вчерашниот, но и за предизвикани кривични дела и штети, соопштија од МВР.

Сликата со пиштолот, лидерот на опозицијата веднаш ја објави со порака дека станува збор за атентатор кој требало него да го убие. Пиштолџијата веднаш беше приведен и потоа беше утврдено дека е сопственик на хотел, претходно оштетен од демонстрантите, но и брат на функционер од опозициската коалиција на Мицкоски, односно од Алијансата за Албанците.

Новинарско прашање до Мицкоски: Зошто коалиционен партнер би сакал да Ве убие?

Мицкоски: -Реков да не ја политизираме работата, најмалку што ни е потребно е да ја политизираме работата. Упатив порака за обединување. Дали е член или не е не ме интересира. секој што сторил криминал треба да одговора. и родена сестра да ми е треба да одговара. овој човек стори криминал, впери пиштол кон народ и треба да одговара.

Новинарско прашање до Спасовски: Имате ли оперативни информации дека тој со пиштолот сакал некого да убие, бидејќи имаше такви објави?

Спасовски: За тоа работат службите со уапсениот, се земаат изјави, се разговара и кога ќе ги имаме сите детали во однос на овој случај ќе биде соопштено

Мицкоски тврдеше дека има и закани по неговиот живот, но дека веќе една година се откажал од пријавување. Спасовски му контрира и тврди ниту има пријави ниту оперативни сознанија и го повика да пријави секаква закана кај надлежните полициски служби.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе