Вести Македонија Најважни

Спасовски тврди дека полицијата реагирала навреме и спречила поголем инцидент, но не гледа одговорност

И покрај сериозниот инцидент кој можеше да предизвика големи последици и нови меѓуетнички инциденти, министерот Спасовски тврди дека е избегнат поголем инцидент со навремена реакција на полицијата, не е утврдена одговорност за пропустите.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа дека неколку лица, од врвот на плоштадот почнуваат да провоцираат и да фрлаат кон демонстрантите кои излегуваат од под мостот 26-ти Јули.

Покрај нив, стојат и полицајци, тврдат објавувачите на снимките, но не биле спречени  навреме.

На истото место имало инцидент и претходниот ден, кога покрај повеќе навредливи повици кон луѓето во чаршијата, дел од демонстрантите гаѓале кон најблиските објекти.

Вчера пак, по првичниот контакт на двете страни и покрај малубројни и пасивни полицајци на терен, дел од демонстрантите се упатуваат кон Чаршијата и фрлаат камења, оттаму добиваат одговор и еден од присутните вади пиштол и пука во воздух.

Припадници на ЕБР и на интервентната полиција стигаат и ги раздвојуваат двете групи, а уапсен е и пиштолџијата.

Спасовски денеска покажа слика од апсењето и тврдеше дека се е изведено на време.

И тој и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, кој е шефот на штабот за протестите тврдат дека полицијата и плановите се воспоставени и ефективни, но најголем проблем е што не се знаат плановите на протестантите бидејќи одбивале контакт со полицијата, а протестот не е пријавен формално.

Уапсениот пиштолџија е брат на претставник на опозиционата Алијанса на Албанците. Откако беше објавена таа информација, лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ кој претходно тврдеше дека пиштолот на коалициониот партнер бил наменет за негов атентат, ретерираше.

Но остана на тврдењето дека има закани за него кои полицијата ги занемарува.

Министерот пак негираше дека има било каква оперативна закана за Мицкоски, но и за други политичари, а за мотивите за вадењето на пиштолот се уште трае распит на уапсениот.

МВР најави дека денеска ќе се обиде да стапи во контакт со демонстрантите за да може да организираат посоодветно обезбедување, а ако нема таков контакт тогаш ќе постапуваат врз основа на своите оперативни податоци.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвини: ЈСП пропаѓа додека „Маратон“ наплаќа државни пари за реклами во автобусите

Sasko Dimovski

Реформа на пензискиот систем е неопходна, но без избрзани решенија и на штета на граѓаните, советуваат експертите

Sasko Dimovski

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе