Вести Македонија Топ вести

Продолжуваат протестите против Француската преговарачка рамка – инцидент кај Мавровка

Продолжуваат протестите против Француската предлог преговарачка рамка. Повеќе илјади луѓе маршираат низ улиците на Скопје. 5-тиот ден од протестите започна повторно пред владата по што демонстрантите поминаа пред Министерството за надворешни работи и се движат кон Собранието, каде вчера се случи и насилство кога дел од демонстрантите ги нападнаа полицајците кои го обезбедуваа законодавниот дом.

Според информациите на нашиот репортер, Петар Догов, кога поминувале крај Трговскиот центар Мавровка, учесниците на протестот биле гаѓани и со камења и други предмети и провоцирани од некои лица кои не биле дел од протестот.

Се слушнале и истрели во воздух од огнено оружје од вооружен човек, кој веднаш бил приведен од полицијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  на твитер објави дека лицето со пиштол во раката требало да го убие него оваа вечер, барајќи да биде „приведен од Спасовски и МВР“.

Пред почетокот на протестот, Мицкоски даде и изјава за медиумите, во која ги повтори ставовите во однос на предложените документи од ЕУ и апелираше за масовност на протестите, осудувајќи го насилничкото однесување на поеднинци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во урнатините на Кан Јунис пронајдени 392 мртви тела

Дејан Дејан

Новинарите во Србија подлегнуваат на самоцензура поради закани

Дејан Дејан

Како се трошат милиони: Десет од избирачки одбор пребројувале 7 гласови и чекаат втор круг на далечниот исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе