Вести Македонија Најважни

Мицкоски обвинува за класична полициска монтажа за инцидентот пред Мавровка кој требало да создаде слика на меѓуетнички конфликт

Вечерва се случи тежок инцидент кој по сите параметри е класична полициска монтажа, чија цел беше или убиство на некој недолжен граѓанин, мајка со дете, пензионер, млад човек или мое убиство, изјави на вечершнава прес-конференција по крајот на денешниот протест и инцидентот кај Мавровка.

„Ова требаше да личи на меѓуетнички конфликт а всушност не е ништо повеќе од борба за власт, фотељи и функции на партиите кои се дел од владата. Ова нема врска со меѓуетничка нетрпеливост“.

Тој додаде дека подолго време добивал неформални информации за негова елиминација која ја наручува власта, тврдејќи дека не им придавал значење.

„Вечерва видовме најмалку две лица со огнено оружје кои беа подготвени тоа да го направат. Полицијата ја немаше на потребното место и мистериозно се појави помала група од 10-тина луѓе кои беа вооружени со огнено оружје“ – вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ваквото сценарио го најавила власта.

Сепак и покрај се Мицкоски најави уште помасовни протести

Околу мотивот на лицето , кое Мицкоски во првичната објава тврдеше дека дошол на протестот за да го убие,  тој беше прашан и зошто братот на  лицето кое е директор на комунална хигиена во Скопје, член на партијата Алијанса за Албанците, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, би сакал да го убие.

„Реков да не ја политизираме работата, најмалку што ни е потребно е да ја политизираме работата. Упатив порака за обединување. Дали е член или не е не ме интересира. Секој што сторил криминал треба да одговора. И родена сестра да ми е треба да одговара. Овој човек стори криминал, впери пиштол кон народ и треба да одговара“ – изјави Мицкоски.

Каевски, СДСМ за инцидентот кај Мавровка: Мицкоски не е жртва туку режисер на крваво сценарио

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвини: ЈСП пропаѓа додека „Маратон“ наплаќа државни пари за реклами во автобусите

Sasko Dimovski

Реформа на пензискиот систем е неопходна, но без избрзани решенија и на штета на граѓаните, советуваат експертите

Sasko Dimovski

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе