Вести Македонија Свет

Генчовска тврди дека протоколите се завршени и текстовите нема да бидат отвoрeни

Бугарија ќе преземе мерки против говорот на омраза во последните денови во Република Северна Македонија, како што секогаш правевме. Ова го изјави министерката за надворешни работи на Бугарија во оставка Теодора Генчовска, одговарајќи на прашање дали ќе ги повика властите во Скопје да престанат со антибугарската хистерија.
Генчовска појасни дека мерките ќе бидат дипломатски, ќе биде повикан привремениот управител на македонската амбасада во Бугарија.  Ќе му биде услужен протест, додаде таа.

На прашањето дали се прецизирани протоколите и кога бугарското општество може да се запознае со нив, министерката Генчовска одговори:

„Имаме џентлменски договор со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, дека тие се утврдени тој ден. Се надевам дека ќе се придржува до тоа, ако тој не го прави тоа, јас ќе го почитувам своето џентлменско ветување. Нема да ги отвораме текстовите. Бидете сигурни дека тие целосно го гарантираат националниот интерес и целосно ги почитуваат одлуките на Народното собрание“ – вели Генчовска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мора да ја спречиме Европа да влезе во војна со Русија, Унгарците нема да гинат за другите – Орбан од маршот за мир во Будимпешта

Дејан Дејан

Немаме план Б во случај на пораз на Украина – естонската премиерка Каја Калас за „Би-Би-Си“

Дејан Дејан

Оштетени насипи, прекин во сообраќајот, евакуација на луѓе – поројни дождови предизвикаа поплави во јужна Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе