Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално, и дека Москва ќе одговори на протерувањето на 70 руски дипломати од Софија.
Според нашата проценка, според оценката на МНР, амбасадата во Бугарија во моментов не може да работи нормално. Се разбира, ќе им возвратиме на нашите бугарски колеги, изјави Лавров на прес-конференција во Москва.
На 28 јуни Бугарија објави протерување на 70 вработени во руската дипломатска мисија, кои беа прогласени за персона нон грата во Софија.
