Новиот бугарски мандатар за формирање на Владата, Асен Василев, од „Продолжуваме со промени“ денеска го доби мандатот и на новинарско прашање одговори дека францускиот предлог создава проблем во Македонија затоа што во Скопје го сметаат за пробугарски предлог.
„Во однос на македонското прашање ние си ја завршивме работата. Колегите од Северна Македонија сметаат дека тоа е пробугарски предлог. Ние сме задоволни од тоа што тој пробугарски предлог им создава проблеми на соседите, а не на нас“, изјави Асен Василев, мандатар за составување на бугарската влада.
