Првиот брод, натоварен со 7.000 тони жито и чуван од руската флота, го напушти украинското пристаниште Бердјанск, окупирано од Русија, објавија денеска новите локални власти назначени од Москва, цитирани од АФП.
„По неколку месеци прекин, првиот трговски брод го напушти трговското пристаниште Бердјанск и 7.000 тони жито отидоа во пријателските земји“, изјави за Telegram шефот на локалната проруска администрација, Евгениј Балицки.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
