Вести Свет

Касписките земји ја потврдија својата посветеност да спречат странски војски да влезат во регионот

Рускиот претседател Владимир Путин и лидерите на четирите земји долж Каспиското Море ја потврдија својата посветеност да не дозволат странски војски да влезат во регионот, објави Асошиетед прес.

Претседателите на Русија, Иран, Азербејџан, Туркменистан и Казахстан се состанаа во главниот град на Туркменистан, Ашгабат, како дел од самитот на кој разговараа за регионалната соработка и меѓународните прашања.

Во коминике по средбата тие ја истакнаа нивната посветеност да не дозволат присуство на странски војски во каспискиот регион, како и ветувањето дека нема да ја обезбедат нивната територија за агресија врз друга земја во регионот.

Во документот се истакнува и важноста на воената соработка меѓу касписките земји.

Во 2018 година, петте земји потпишаа конвенција за експлоатација на ресурсите во Каспиското Море, со што се стави крај на нерасчистената ситуација по ова прашање, која траеше со децении.

За Путин, неговата посета на Ашхабат беше дел од неговата прва турнеја во странство откако Москва ја започна инвазијата на Украина на 24-ти февруари. Пред Туркменистан, рускиот претседател го посети и Таџикистан.

Каспискиот самит дојде во време на самитот на НАТО во Мадрид, на кој алијансата ја прогласи Русија за „најзначајна и директна закана“ за мирот и безбедноста на нејзините членки и вети дека ќе ја зајакне поддршката за Киев.

Во јавните изјави на форумот, Путин и другите лидери не ги спомнаа борбите во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе