Вести Свет

Канада го зголемува своето дипломатско присуство во Централна и Источна Европа

Канада соопшти дека го зголемува своето дипломатско присуство во Централна и Источна Европа, како и во Кавказ, со отворање на четири нови амбасади за да помогне во „одбранувањето на дестабилизирачките акции на Русија“, објави АФП.

Најавата дојде откако лидерите на Г7, вклучително и Канада, ветија оваа недела во Германија дека ќе продолжат да обезбедуваат „дипломатска поддршка“ за Украина.

„Ќе го зголемиме нашето дипломатско присуство. Канада ќе отвори четири нови амбасади – во Естонија, Литванија, Словачка и Ерменија“, изјави министерката за надворешни работи Мелани Џоли на вчерашната прес-конференција во Мадрид на маргините на самитот на НАТО.

„Ова проширување на дипломатското присуство ќе помогне да се насочи канадскиот одговор на развојот на безбедносните закани и да се зајакне политичката и економската соработка со цел да се поддржат нашите европски сојузници“, рече Џоли во изјавата.

Овој потег, исто така, има за цел „да се спротивстави во поголема мера на последиците од руската инвазија на Украина и да ја поддржи Ерменија во нејзиниот демократски развој“, се вели во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе