Вести Свет

Руските војници го приведоа поранешниот градоначалник на Керсон

Руските војници го приведоа поранешниот градоначалник на окупираниот град Керсон во јужна Украина, јави ДПА.

Заменик-шефот на проруската воена управа на Херсон, Кирил Стремусов, пред руската новинска агенција РИА Новости го потврди притворот на Игор Колихаев.

Колихаев отворено ги повика претставниците на градската администрација да саботираат и да ги игнорираат упатствата на новата администрација, рече Стремусов, објаснувајќи ги причините за апсењето.

Колихаев, кој беше избран за градоначалник на Херсон, остана во градот по руската окупација, но одби да соработува со руските сили, јави ДПА. Стремусов рече дека Колихаев е „херој на нацистичкото милје“ и дека придонел многу да ѝ наштети на „денацификацијата“ на Украина.

Според неговата помошничка Галина Љашевска, Колихаев бил приведен од Националната гарда на ФСБ и руското внатрешно разузнавање по средбата со други поранешни членови на градскиот совет. Таа го опиша неговото притворање како киднапирање.

Украинска правда ја цитираше нејзината изјава дека во вторникот наутро поранешниот градоначалник отишол во една од локалните канцеларии каде што продолжуваат да работат други претставници на локалната власт. „Штом излегол од автомобилот, бил приведен од вооружени лица од Руската гарда а поточно ФСБ. Заплениле хард дискови од компјутери, ги отвориле сите сефови, барале документи. За тоа време, Колихаев беше врзан со лисици под вооружена стража во друга канцеларија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе