Германската полиција соопшти дека е приведен маж осомничен дека оставил отсечена човечка глава пред окружниот суд во Бон, објави Ројтерс.
Телото е пронајдено на неколку стотини метри од судот во Рајна. Полицијата соопшти дека верува дека телото и отсечената глава припаѓаат на исто лице. 38-годишниот осомничен е од областа Бон, соопшти полицијата.
Органите на редот додаваат дека не се регистрирани сомнителни активности во областа и сега се бараат можни сведоци.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
