Вести Македонија Најважни

ССМ бара пари веднаш, Владата останува на изнаоѓање на системско решение

Столчето поставено пред министерството за труд и социјална политика, овој пат, на петиот ден од генералниот штрајк кој го организира ССМ, не остана празно.

Министерката Тренчовска се симна пред зградата за да го повтори ставот на Владата а потоа и ги повика претставниците на ССМ на средба на која се обврзала да договори состанок на кој ќе присуствува и вицепремиерот Битиќи.

Двете страни и денеска останаа на свите ставови, ССМ ги бара 2.806 те денари веднаш, а Тренчковска односно Владата системско решение, иако пред само неколку месеци од Владата ветија зголемување на платите како решение за двоцифрената инфлација.

Сега тоа е за Владата само ад хок решение.

Министерката Тренчовска смета дека социјалниот дијалог не е застанат, ќе продолжи и со ССМ ќе најдат решение.

Изработка на нов закон за платите, нов систем за плати за да се избегнат неправилности, како и К-15 и нов Колективен договор, тоа е патот по кој Владата сака да оди во преговорите и договорите со ССМ.

Од ССМ бараат прецизен одговор или згломеување од 2.806 денари или 18,4 отсто зголемување на платите согласно колетивниот договор.

По прифаќањето на измените кои ги предложи министерството за економија а кои предвидуваат во туристичките места да може да се работи во недела, од ССМ не ја кријат разочараноста.

Велат дека некои министри и пратеници одработуваат за бизнис лоби групи. Оттаму додаваат дека децидно се набројани туристичките места во законот кои се поделени на планински, езерски, рурални алтернативни, Скопје и чаршии и дека ќе ги заштитат работниците кои ќе бидат принудувани да работат а не се во склоп на предвидените места.

Генералниот штрајк продолжува а утре ССМ ќе биде пред министерството за информатичко општество или пред Собранието доколку почне седницата на Комисијата за финансирање и буџет која веќе еднаш го одби нивниот амандман во кој се содржани синдикалните барања.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе