Вести Македонија Најважни

Комисија со неевропски прашања

Бесконечни процедурални јавувања, тропање по масите, довикувања од сите страни, чести паузи и хаотична атмосфера во која останува нејасно кој зборува и за што зборува. Вака продолжи седницата на Комисијата за европски прашања. ВМРО ДПМНЕ тврди дека дневниот ред не е усвоен и расправата по Законот за работни односи не е почната. Претседавачот Арта Биљали-Зендели се обиде да почне со амандманска расправа.

Во ваква атмосфера, Биљали побара извинување од Дафина Стојановска, но доби објаснување само за процедуралното јавување.

Тензичната атмосфера почна вчера, кога Арбр Адеми, изнервиран што пратеници од ВМРО ДПМНЕ и од Алијанса му го исклучија микрофонот за да не констатира усвојување на дневниот ред, фрлаше предмети и замавнуваше со раката. Опозицијата побара кривично да одговара.

Адеми се извини, но предупреди дека некој сака да предизвика дестабилизација.

Несогласувањата ги предизвикува предлогот на Владата за менување на Законот за работни односи, кој треба да овозможи 60 судии и 13 обвинители да останат на работа до 67-годишна возраст. Доколку не се донесе до 30-ти јуни, тие ќе се пензионираат. ВМРО ДПМНЕ стравува од селективност и смета дека е неуставно овој закон да ја уредува работата на судиите. За да го попречи, поднесе 388 амандмани. Законот е доставен со европско знаменце, што значи дека расправата во комисијата може да трае два дена, без оглед на бројот на пријавени или на поднесените амандмани.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Кривична против таткото на Меланија за физичко и психичко насилство врз семејството за што јавно алармираше неговата ќерка

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе