„Одиме до крај“ е пораката која денеска ја испратија синдикалците од блоокада на крстосницата во населбата Автокоманда на влезот во Скопје.
Три часа штрајкувачкиот одбор остана на булеварот од каде ги повтори своите барања и апелираше до Владата да го испочитува даденото ветување и да ги прифати.
Генералниот штрајк продолжува а денеска претседателството на ССМ одржа состанок на кој се донесе одлука да не се продолжи со блокада на булеварите и влезовите во Скопје и да се продолжи со стариот принцип, пред државните институции директно да бара одговори за спроведување на линеарното зголемувања.
Така, утре едно столче, ќе биде поставено пред министерството за труд и социјална политика, а на него ССМ ќе чека да седне министерката Тренчевска.
Синдикалците кои денеска беа на блокадата во Автокоманда се едногласни, вештината на работникот и капиталот мора да бидат изедначени.
Работникот ги заслужува тие пари посебно во време на двоцифрена инфлација и бран на поскапувања.
Досега три општини, Скопје, Битола и Тетово потпишаа нови договори со своиите вработени и го инкорпорираа лиенарното усогласување на платите од 2.806 денари а тоа го сторија и петанесетина јавни претпријатија.
Од ССМ побараа трпение од граѓаните по денешната блокада на влезот на Скопје и нагласија дека се приморани а тој начин да си ги бараат правата.
Огнен Чанчаревиќ
