Вести Македонија Најважни

Во Делчево и Крива Паланка се работи на санирање на штетите по вчерашното невреме

По невремето кое вчера доцна попладне ја зафати територијата на град Делчево, се одржа координативен состанок на Кризниот штаб на кој присуствуваа претставници на локалната самоуправа, Јавното комунално претпријатие, Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи и МВР Делчево.

На состанокот беа дефинирани понатамошните активности за справување со последиците кои ги предизвика силниот ветар и обилниот дожд, а во својата изјава, градоначалникот Горан Трајковски кој исто така беше дел од средбата изјави дека најважно е што досега не е пријавено ниту еден повредено лице како последица на силното невреме.

  • Делчево денес го зафати невреме со посериозни размери со ветришта и поголема количина дожд, но за наша среќа нема пријавено ниту еден повреден и тоа е најважно. Има материјална штета на институции и откорнати дрвја но сето тоа ќе се надомести, најважно е ќе повторам што нема ниту еден повреде, рече Трајковски.

Ситуацијата во моментот како што рече е стабилна, а утврдување на фактичката состојба како што додаде ќе продолжи во текот на ноќта и денеска.

  • И во текот на ноќта работиме за да ги санираме штетите кои се настанати, секако во текот на утрешниот ден ќе продолжиме секаде онаму каде што има настанато штета. Локалната самоуправа, Јавното комунално претпријатие, Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, МВР Делчево сите сме заедно во ова што не снајде, за да можеме на граѓаните да им помогнеме да ги санираат штетите, изјави Трајковски доцна синоќа по состанокот.

На новинарско прашање на кој начин доколку има надомест на штетата граѓаните ќе можат да пријават во Општината, дополни дека тоа ќе можат да го сторат од денеска и во текот на работната недела која претстои.

  • Законски ќе се постапи тоа што можеме да го санираме и ние како локална самоуправа да помогнеме и доколку е потребно да побараме помош за поголеми штети помош од Владата, рече Трајковски.

Вакво невреме, како што посочи, го нема зафатено Делчево многу години наназад поради што апелираше до граѓаните таму каде што треба помош да се јават до Комуналното претпријатие МВР и Центарот за управување за кризи.

Невремето проследено со силен ветар и обилен дожд синоќа го зафати кривопаланечкиот крај предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци и на магистералниот пат А2, Куманово – Крива Паланка – граничен премин со Република Бугарија, Деве Баир.

Благодарение на одличната соработка и координација на локалната самоуправа, Територијалната противпожарна единица, екипите на Македонија пат и јавното претпријатие “Комуналец”, паднатите дрвја експедитивно се отстранети.

  • Невремето предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци, на новиот пат кон манастирот Св.Јоаким Осоговски и на магистералниот пат А2 на неколку места, но навремената реакција на итните служби и јавните претпријатија од општината придонесоа за брза санација на штетите од невремето, кое беше со силен интензитет, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски кој беше дел од акцијата и активно учествуваше во расчистувањето и отстранување на настаните штети.

Градоначалникот Митовски при тоа им честиташе и им се заблагодари на сите служби кои се во приправност и се грижат за безбедноста, за здравјето и за овозможување непречено одвивање на секојдневниот живот на жителите на Крива Паланка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се празнува денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј

Дејан Дејан

Претпладне сончево, попладне нестабилно – Временска прогноза за 25.5.2024

Дејан Дејан

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе