Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со домаќинот на самитот на групата седум, германскиот канцелар Олаф Шолц, пред средбата со лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Европската унија.
Бајден го пофали Шолц што помогнал да се одржи притисокот врз Русија, велејќи дека неговиот остар одговор имаше големо влијание врз остатокот од Европа.
- Добрата порака е дека сите успеавме да останеме обединети, што очигледно Путин никогаш не го очекуваше, Олаф Шолц, канцелар на Германија.
- И тоа беше сепак твоја заслуга, поради твоја заложба, сериозно. Затоа што имаше многу дискусии за тоа дали во транзицијата или не, тоа како ќе функционира, но ти завршив неверојатна работа и сакам да ти се заблагодарам за тоа, благодарам, благодарам. Мораме да останеме заедно- Џо Бајден, претседател на САД.
Војната во Украина ќе биде централна тема на разговорите за време на самитот на групата седум најразвиени земји, кој ќе трае до вторник.
Лидерите на групата седум, одржуваат формални и неформални средби на кои се разговара и за справување со ефектите на војната врз глобалната економија, инфлацијата и инфраструктурата.
Ќе се разговара и за ограничување на цените на енергијата, кои треба да го ограничат профитот на руската нафта и гас, што москва може да ги искористи во своите воени напори.
