Вести Свет Топ вести

Украинските сили се повлекуваат од Северодонецк

Украинските сили добија наредба да се повлечат од градот Северодонецк во источна Украина по неколкунеделни жестоки борби, јави ДПА, повикувајќи се на властите.

Украинските власти наведоа дека нема речиси ништо да се брани во главно уништениот град и на војниците им е наредено да заминат и да се прегрупираат. Северодонецк беше последниот значаен дел од регионот Луганск, што се уште беше делумно под украинска контрола.

„Сега ситуацијата е таква што нема смисла да се држат позиции кои се нарушени“, изјави регионалниот гувернер на Луганск, Сергиј Гајдај.

„Затоа на нашите бранители кои се таму веќе им е наредено да се повлечат на нови позиции од каде што можат да спроведуваат нормални воени операции од целосен обем“.

Според него, околу 90 отсто од зградите во Северодонецк се уништени. Од 100.000 жители на градот, останаа речиси 8.000.

Киев вчера соопшти дека руските сили продолжуваат да ја напаѓаат индустриската зона Северодонецк. Стотици цивили, наводно, се уште бараат засолниште во хемиска фабрика Азот.

Северниот пограничен регион на Украина Чернигов беше под „масовно бомбардирање“ од територијата на рускиот сојузник Белорусија, се вели во соопштението на украинската армија .

„Околу 5:00 часот наутро (02:00 GMT) регионот Чернигов претрпе масовно бомбардирање со проектили. Дваесет ракети, истрелани од територијата на Белорусија и од воздух, го гаѓаа селото Десна“, соопшти Северната воена команда на Украина. Тие додаваат дека засега нема информации за жртви.

„Дваесет ракети, истрелани од територијата на Белорусија и од воздух, го гаѓаа селото Десна“.

Десна, мало село со население од околу 7.500 луѓе, се наоѓа на 70 километри северно од Киев и слично растојание јужно од границата на Украина со Белорусија.

Нападите доаѓаат кога рускиот претседател Владимир Путин се сретна со неговиот белоруски колега и близок сојузник Александар Лукашенко во Санкт Петербург.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе