Вести Македонија Најважни

Бугарско МНР: Македонија да го потпише билатералниот протокол, ние ќе одобриме старт на преговори со ЕУ

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Бугарија е подготвена го потпише Протоколот според член 12 од Договорот со Македонија и да ја одобри првата меѓувладина конференција за Македонија со ЕУ, веднаш штом македонските власти ќе го потпишат билатералниот протокол.

  • „На ред се одговорните фактори во нашата соседна земја да ја покажат, не со зборови, туку со дела, својата посветеност и желба за сопствената, и за онаа на регионот, европска иднина. Брзината со која Република Северна Македонија ќе пристапи кон членство во Европската Унија зависи од тоа и нема да одложи доколку земјата ги исполни обврските кон европските вредности и добрососедските односи“,стои во официјаланата информација од бугарското МНР.

А ставот на Македонија е јасен и неколку пати досега соопштен јавно, на протоколот не му е место во преговарачката рамка бидејќи ќе ја оптовари со прашања, а рамката е патоказот по кој ќе се движат и течат преговорите.

  • „Тоа е билатерално прашање. Тоа ние што ќе се договориме со Бугарија во рамиките на таков некој Протокол како што бил во 2019 година или сега некој нов, тоа е билатерална работа меѓу нас и Бугарија и ние во моментот кога ќе потпишеме значи дека сме се обврзале да ја имплеметираме. Ние ќе ја потпишеме тогаш кога ќе биде договорена така како што мислиме дека треба да биде договорена и кога ќе сме сигурни дека ништо во тој Протокол не ги загрозува нашите интереси. Тој Протокол не може да биде услов во преговорите ниту да биде спомнат во преговарачката рамка“, изјави вицепремиерот Маричиќ во „Топ Тема“

Вчера бугарското Собрание го изгласа предлогот за прифаќање на францускиот предлог со дополнети услови и ја овластија владата да го крене ветото за усвојување на преговарачката рамка за Македонија.  Предлог одлуката која беше изгласана со 170 гласови за, наспроти 37 против, а која ја поднесе „Демократска Бугарија“ предвидува дополнување на францускиот предлог со уште 4 услови.

Првиот коментар на бугарскиот претседател Румен Радев за одлуката на бугарското Собрание е дека тој повторно е незадоволен. Радев смета дека билатералниот протокол и францускиот предлог можеле да бидат уште подобри за Бугарија доколку бугарскиуте дипломати работеле на тоа поле наместо да се обидуваат политиката на сега веќе екс премиерот Петков да ја стават во прифатлива рамка.

  • „Што се однесува до гаранцијата за културно историското наследство, учебниците, говорот на омраза кои се заштитуваат токму со двостраниот протокол, вчера пратениците гласаа во празно за нешто што повеќето од нив не можеа ни да се запознаат, а кое  категорично не ги претставува неопходните механизми,  рокови и критериуми за заштита и што ќе ги остави следните влади да водат во неплодни расправии со македонската страна“, изјави Радев.

Сега повторно се е во рацете на франсцускиот прертседател Емануел Макрон кој треба да  изготви предлог во кој ќе се содржат македонските и бугарските барања односно црвени линии, а кој ќе биде прифатлив за двете страни

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе