Вести Свет

Зеленски: Украина не е тампон зона меѓу Западот и Русија, таа во иднина ќе биде членка на ЕУ

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод синоќешното доделување на кандидатскиот статус на неговата земја за членство во ЕУ, денеска изјави дека Украина во иднина ќе стане членка на ЕУ и дека тоа сега е фиксирано на официјално ниво.

Добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ Зеленски во видео порака го нарече ​​„точка од која нема враќање“, соопшти неговата прес-служба.

Денеска е признато: Украина не е мост, не е перница меѓу Западот и Русија, не е тампон меѓу Европа и Азија, не е сфера на влијание, не е сива зона,  не е транзитна територија. Таа не е граница меѓу орките и џуџињата. Украина е иден рамноправен партнер со најмалку 27 земји од ЕУ, изјави Зеленски, пренесен од украинските медуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе