Вести Македонија Најважни

Македонија чека конечен француски предлог – новата бугарска резолуција ќе го закочи пристапниот процес

Македонија по отфрлањето на драфт-верзијата сега го чека финалниот документ од Париз да види што од македонските црвени линии, но и што од уште потврдите бугарски позиции усвоени денеска во бугарското собрание ќе влезат во него за да го даде својот конечен одговор дали е тој прифатлив за неа.

„После оваа финална одлука на бугарскиот парламент и нашата позиција претставена вчера, офоцијално и јавно, од премиерот Ковачевски, а претходно на француското претседателство, ќе видиме каков пристап ќе се одлучи француското претсадателство“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Црвените линии како што претходно брифираше шефот на дипломатијата се содржани во два збора кои, како што рече, го делат успехот од неуспехот да се почнат преговорите – „протокол и отворање“.  Македонската позиција е дека нема да прифати записникот меѓу двете влади, односно билатералниот протокол за спроведување на Договорот за добрососедство да стане дел од преговарачката рамка, а не го неприфаќа и предлогот првата меѓувладина конференција да биде само политичка и да не значи отворање на преговорите, а тие да се отворат на  втората откако ќе се спроведат уставните измени во земјава. Македонија бара првата меѓувладина конференција со ЕУ да значи и отворање на преговорите, а уставните измени да се направат до втората меѓувладина конференција.

„Три прашања се важни за тоа дали ние може да кажеме да или не  на некој предлог. Тоа е прашање на јазикот, прашањето на исклучување на историските интерпретации како дел од процесот на преговори и третото е односот меѓу промената на Уставот и почетоkот на преговорите“, појасни Османи.

За тоа што ќе значи за европскиот процес на земјава новата бугарска резолуција за преговарачката рамка македонските претставници со став дека нема да има европски процес за земјава и оти за што потоа ќе треба да реши Европската унија. Сепак за вицепремиерот, Бојан Мариќиќ, националните интереси се на прво место.

„Нашата цел е пристапување во членство на ЕУ, но секако во исто време и заштита на нашите интереси во смисла на јазик и идентитет и започнување на процес на преговори којшто ќе биде одржлив и пакет којшто ќе можеме да го спроведеме и имплементираме на тој начин што ќе не доведе до членство, а не до нови блокади“, рече Мариќиќ.

На односите меѓу двете земји, особено околу работата на комисиите и спроведувањето на Договорот за добросостство, македонските претставници се на став дека тоа сигурно ќе им нашетети. Поконкретно, шефот на дипломатиијата смета дека ниту една македонска влада во иднина нема да сака да потпише билатерален протокол со Бугарија во рамки на Догогорот бидејќи тој автоматски за Софија ќе стане  дел од условите за земјава за ЕУ, што, според него, сигурно ќе го закочи целиот процес.

Третата инајважната црвена линија за македонското „да“ за прифаќање на преговарачка рамка со ЕУ е македонскиот јазик да биде наведен во неа, без додавки фусноти и ѕвездички.

И Османи и Мариќиќ денеска изјавија дека штом ја добијат конечната верзија на францускиот предлог за преговарачлката рамка ќе го достава и до институциите и дојавноста.

„Во моментот кога ќе добиеме каков било официјален предлог тој ќе биде, секако, доставен на разгледување и во Владата и кај коалициските партнери во владата и секако во некоја форма ќе биде консултирано и Собранието – Комисијата за надворешни работи“, информираше Мариќиќ.

Инаку еднонеделното молчењето пак за француската драфт-верзијата на рамката и Османи и Мариќиќ го аргументираа со несакање Македонија да се влијаат врз политичките процеси во Бугарија поточно на гласањето за недоверба на владата на Кирил Петков.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе