САД ќе понудат 300.000 работни визи за мексиканските и централноамериканските граѓани кога мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор ќе го посети Вашингтон во јули. Ова синоќа го соопшти мексиканскиот министер за внатрешни работи Адан Аугусто Лопез во говор пред деловните лидери во пограничниот град Тихуана, пренесе Ројтерс.
Според локалните медиуми, тој рече дека половина од привремените работни визи ќе бидат за мексикански државјани или странци кои живеат на мексиканска територија и се обидуваат да мигрираат на север. А останатите 150.000 би биле распределени пропорционално меѓу земјите од Централна Америка.
Амбасадата на САД во Мексико не одговори на барањето за коментар, објави Ројтерс.
