Бугарскиот премиер Кирил Петков во понеделник ќе поднесе оставка за да може да започне процедурата за консултации за нова влада.
Нема никаков проблем, веднаш ќе ги пополниме документите и ќе ги поднесеме, изјави Петков од Брисел.
Тој уште еднаш повтори дека неговата партија, „Продолжуваме со промената“ има јасен став со кого ќе коалицира при добивањето на новиот мандат.
Нашата основна цел е борбата против корупцијата, а тоа не може да се случи доколку имате коалиционен партнер кој бил дел од корупцијата, дециден е Петков.
Како потенцијални коалициски партнери, според Петков, веднаш отпаѓаат Бојко Борисов, Слави Трифонов и Тошко Јорданов, понатаму условите кои Костадинов ги предложи се исто така неприфатливи за „продолжуваме со промената“, а како можен коалиционен партнер отпаѓа и Пеевски.
Петков изјави дека неговата партија ќе се обиде да формира нова влада со помош на досегашните коалиционери БСП и ДБ, и поддршката од независните пратеници, и тврди дека „Продолуваме со промената“ ќе биде уште поцврста во своите ставови.
