Вести Свет

Индиската влада номинираше жена од сиромашна заедница за претседателски кандидат

Една жена од сиромашната заедница на Индија најверојатно ќе биде следниот претседател на земјата, откако во вторникот ја номинираше владејачката партија Бхаратија Џаната.

Изборот на 64-годишниот Драупади Мурму на свечената функција е речиси сигурен, бидејќи партијата на премиерот Нарендра Моди има силни позиции во националниот парламент и државните законодавни тела. Распарчената политичка опозиција го номинираше Јашвант Синха (84), кој ја напушти Бхаратија Јаната во 2018 година поради спорови со Моди за економски прашања.

Таткото и дедото на Мурму биле старешини во едно село во Одиша.

Гласањето за претседател на земја со население од над една милијарда е закажано за 18 јули. Во Индија, премиерот ја има извршната власт, додека претседателот ги следи упатствата на премиерот, колку што се во согласност со уставот, објаснува АП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе