Гром вчера усмрти жена и две кучиња во јужната американска држава Калифорнија, јави Асошиетед прес, повикувајќи се на соопштение на властите.
Кобната молња удри во 8:50 часот по локално време во близина на реката Сан Габриел во Пико Ривера, изјави наредникот Џонатан Бранхам, од полицискиот оддел на округот Лос Анџелес.
“Ова е жена со латиноамериканско потекло. Ја удри гром и не можеше да се избори со раните. Шеташе две кучиња кои исто така умреа”, рекол Бранхам.
Според властите, починатата жена имала 52 години и се викала Антонија Мендоза Чавез.
Поради невремето, локалните власти ги откажаа настаните на отворено.
