Вести Свет

Италијанскиот министер за надворешни работи Ди Мајо го напушта Движењето 5 ѕвезди за да формира нова парламентарна група

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо синоќа објави дека го напушта Движењето пет ѕвезди за да формира нова парламентарна група која ја поддржува владата на премиерот Марио Драги, пренесе Ројтерс.

Ди Мајо го презеде овој чекор откако го обвини лидерот на движењето и поранешен премиер, Џузепе Конте, дека ги поткопува напорите на владата да ја поддржи Украина и ја ослабува позицијата на Рим во Европската унија.

Расколот во Движењето пет ѕвезди се заканува да создаде нова нестабилност во повеќепартиската коалиција на Драги. Движењето се повеќе се спротивставува на тоа Италија да испрати оружје во Украина, а се шират шпекулации дека Конте размислува да ја отстрани партијата од владата во обид да го спречи нејзиниот колапс во анкетите. Партијата денеска излезе со соопштение во кое тоа категорично го демантира.

„Ова е тешка одлука што никогаш не замислував дека ќе треба да ја донесам… но денес јас и многу други колеги и пријатели го напуштаме Движењето 5 ѕвезди“, рече Ди Мајо.

Ди Мајо, кој со месеци е во конфронтација со Конте, не кажа колку пратеници од Движењето ќе земе со себе, но истакна дека како резултат на расколот, партијата повеќе нема да биде најголемата група во парламентот.

„Од денес тргнуваме по нов пат со луѓе кои решиле да гледаат кон иднината“, рече тој, очигледно навестувајќи го името на новата пратеничка група, која според политички извори најверојатно ќе се вика „Заедно за иднината“.

Ако 5-ѕвездите на крајот се повлече од владата, тоа нема да го лиши Драги од неговото мнозинство, но тој повеќе нема да ја води коалицијата на „националното единство“, како што беше договорено минатиот февруари. Дури и Драги да одлучи да продолжи, другите партии би можеле да ги следат „5-те ѕвезди“ и да ја напуштат владата, што би предизвикало нејзин распад.

Движењето 5 ѕвезди триумфираше на изборите во 2018 година, добивајќи 33 отсто од гласовите, но сега има половина поддршка и е во целосен хаос пред следните избори, закажани за почетокот на следната година.

Ди Мајо остро ја нападна својата поранешна партија, нарекувајќи ја неодговорна за нејзиниот став за војната во Украина, и рече дека „ја ставила владата во неволја само за да освои неколку поени во анкетите, без да успее“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе