Вести Свет

Медведев: Односите Русија – САД се на апсолутна нула

Заменик-претседателот на Совет за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека руско-американски односи се на апсолутна нула односно дека не е можно дополнително да бидат замрзнати.

Сега немаме никакви односи со САД. Тие се на нула на Калвиновата скала. И нивното одмрзнување сега не е потребно. И засега нема потреба да се преговара со нив. Тоа е штетно за Русија, истакна Медведев за Спутник.

Тој оцени дека сега е најнеповолното време за нови преговори со САД за продолжување на Договорот за намалување на стратешкото оружје (СНВ-3).

Тоа ќе зависи од одлуката на претседателот на државата. Како човек кој има директна врска со тој договор и кој го потпиша во 2010 година, верувам дека сега е најнеповолното време за нови преговори, посочи Медведев.

Според него, преговорите минатата година се воделе во изменети околности, а сега се во „мртва зона“.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден го продолжи Договорот за намалување на стратешкото оружје за пет години односно до 2026 година, што овозможува обединета руско-американска контрола врз нуклеарното оружје.

Русија и САД почнаа да ги усогласуваат параметрите на идниот договор за ограничување на нуклеарното оружје, но го прекинаа дијалогот по почетокот руската инвазија врз Украина.

Американскиот Стејт департмент објави дека Вашингтон е подготвен да ја разгледа можноста за нова рунда стратешки дијалог со Русија, но дека сака докази за добронамерниот пристап на Москва.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе