Вести Свет

Хантер Бајден и српскиот принц Александар во заедничка авантура за кралскиот дворец во Белград, открива заборавениот компјутер на синот на претседателот на САД

Влез во Србија и тамошниот бизнис за Хантер, синот на американскиот претседател Џо Бајден водел преку принцот Александар и српскиот амбасадор

Дали Џо Бајден како американски потпретседател успеал да помогне и преку владата на Александар Вучиќ успеал да издејствува реконструкција и поправка на кралските вили во Белград во која живее српскиот престолонаследник Александар Караѓорѓевиќ.

Протечените мејлови од лап-топот на Хантер Бајден кои беа објавени откако проблематичниот син на американскиот претседател го заборавил личниот компјутер на поправка, открива стотици бизнис обиди и дискусии на синот Бајден со претставници на влади и на бизниси низ десетици земји. Њујорк пост открива дека Хантер Бајден имал контакти и со Србија и тоа преку амбасадорот во Вашингтон, но и преку кралското семејство во Србија кое нема никаква улога во владеењето туку е повеќе симбол на поранешната ројалистичка традиција во Белград.

Откако на принцот Александар 2-ри (единствен син на последниот југословенски крал Петар 2-ри, кој 1941-ва година избега по фашистичкиот напад врз кралството) му е вратен имотот на неговиот татко, две палати на белградската тврдина Калемегдан, за финансиски скромниот џеб на принцот се појавува проблем.

Реконструкција на долго време запустените објекти, одржување и послуга. Пари немало, а принцот во ноември 2015-та му се обраќа на својот познаник од тогашно моќно американско семејство.

Му пишува е-мајл на Хантер Бајден, синот на тогашниот американски потпретседател Џо Бајден. Подоцна се среќаваат и лично во Њујорк, а главна тема покрај помошта за пари е и лобирање за бизнис потфати на Хантер во Србија.

Бајден и тогаш и сега, Вучиќ и тогаш и сега

Во тоа време на власт во Србија е владата предводена од сегашниот српски претседател Александар Вучиќ. И кралското семејство добиваат пари од буџетот за своите потреби. На кој начин не е познато, ниту е потврдено дека Бајденови одиграле клучна улога во целата операција. Но украдените мејлови на Хантер покажуваат дека принцот му се заблагодарил на Хантер. Во благодарницата, принцот на Хантер му испратил и фотографија од семејната средба на која се српскиот принц, неговата сопруга Катерина, тогашниот потпретседател Џо Бајден и сопругата Џил Банден.

Во 2015-та пак, потпретседателот Бајден управуваше со широко меѓународно портфолио на Белата куќа, во кое беше вклучена и Србија. Два месеци пред повикот Хантер-принцот, потпретседателот се сретна со српскиот премиер Александар Вучиќ при неговата посета на САД.

И само девет месеци по разговорот на Хантер со кралското семејство, Џо Бајден беше во Србија на средба со врвните лидери, а одржа и настан во кралската палата позната како Белиот дворец. Палатата на принцот Александар веќе беше реновирана.

„Имавме проблеми со државниот буџет за Кралскиот комплекс кој се состои од две палати изградени од мојот дедо, кралот Александар I од Југославија. Се надевавме дека Хантер можеби ќе може да помогне со својот татко да го реши проблемот “, изјави Александар за Њујорк Пост без да наведе детали за успешноста на операцијата.

Принцот Александар изјави за „Пост“ дека верува дека „ништо не се случило“ по разговорот со Бајден – но додаде дека „конечно српската влада го обезбедила буџетот“ за одржување на палатата.

Првата средба и амбасадорот на српскиот бизнис

Првите контакти на Хантер Бајден со принцот Александар се од 2009-тата година, а двете влијателни по свое потекло личности се запознаваат преку Сали Пејнтер, ко-основач на фирмата за лобирање DC Blue Star Strategies во Вашингтон. Оваа фирма учествува во повеќе украински бизнис операции на Хантер Бајден.

Хантер во тој период, како што покажува неговата украдена електронска пошта, наголемо преку српскиот амбасадор Владимир Петровиќ. Тоа е во првата година од мандатот на двојката во Белата Куќа, Обама-Бајден.

Амбасадорот Петровиќ му ветува дека ќе организира средба на Хантер Бајден со тогашниот српски претседател Борис Тадиќ кога синот на потпретседателот ќе одлучи да патува во Србија. Исто така му најавува дека може да му обезбеди контакти со влијателни бизнис личности во Србија. По смената на Тадиќ, амбасадорот се пензионира, но неговит емејлови и понуди остануваат во компјутерот на Хантер кој останува заборавен во сервис.

И станува вистински десерт за противниците на Џо Бајден, но открива и многу детали за проблематичниот син на актуелниот претседател на САД.

Оригиналниот текст е на следниот линк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе