Вести Свет

Столтенберг: Војната во Украина ќе трае со години

Западот мора да се подготви да продолжи да ја поддржува Украина во војна што ќе трае со години, предупредува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Според него, трошоците за војната се големи, но цената за тоа да се дозволи Москва да ги постигне своите воени цели е уште поголема.

Столтенберг во интервју за германскиот весник „Билд“ рече дека снабдувањето со високотехнолошко оружје за украинските сили ќе ги зголеми шансите за ослободување на Донбас од руската контрола.

Ваквите изјави на Столтенберг доаѓаат откако на долгорочна војна предупреди и британскиот премиер Борис Џонсон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе