ЕУ треба да го поедностави пристапот на нови членки, вели германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за германска новинската агенција ДПА, коментирајќи ги апликациите за членство на Грузија, Молдавија и Украина.
Шолц вели ја охрабрува унијата да ги модернизира своите процеси. Земјите-кандидатки и самата ЕУ треба да се подготват за проширување. За да се случи тоа треба да се модернизираат нашите структури и процесот на одлучување.
„Сите одлуки за кои одлучуваме денеска едногласно нема да можеме да ги носиме на ист начин во иднина“, порачува Шолц во интервјуто за германската ДПА.
