Поголем дел од градот Северодонецк, важен центар во Донбас е под контрола на руските сили, соопштија властите на Украина. Според локалните власти состојбата е „ултракомплицирана“, но, градот сè уште се брани. Според градоначалникот на Киев руски проектили го погодиле главниот град на Украина, Киев, каде беше мирно од 28-ми април, односно од посетата на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Војната, која трае повеќе од три месеци сосема ги разори животите на цивилите. Според оценката на Обединетите нации во Украина значително се зголемува бројот на случаи на сексуално насилство и се поголем е ризикот од трговија со луѓе- состојбата е алармантна. Според директорката на Украинскиот женски фонд, Наталија Карбовска, стотици случаи на силувања, кои биле извршени од руските сили. Во истовреме рускиот амбасадор во ОН ги нарече обвинувањата неосновани. Невладините организации обвинуваат за силувања и тоа не само врз жени од разлучни возрасти, туку и врз мажи и момчиња.
- Иако сè уште не е познат целосниот размер на сексуалното насилство поврзано со конфликти, активистите за човекови права и агенциите за спроведување на законот проценуваат дека стотици случаи се извршени не само против жени и девојчиња, туку и врз мажи и момчиња и луѓе со друг родов идентитет и на сите возрасти, рече Наталија Карбовска, Украински женски фонд.
Украинскиот постојан претсавник во ОН ги обвини руските војници за сексуално насилство врз малолетници и постари жени, но рече дека се регистрирани и смртни случаи.
- Господине претседателе, украинските органи на редот, невладините организации и медиумите продолжуваат да регистрираат бројни случаи на сексуално насилство извршени од руски војници во Украина. Регионот Керсон и Чернихив во Украина. Според нашето Министерство за внатрешни работи, меѓу жртвите на руските силувачи има малолетници и постари жени. Регистрирани се и смртни случаи, истакна Сергиј Кислица, претставник на Украина во ОН.
За рускиот постојан претставник во ОН, кој ги повика присутните на внимателност, бидејќи, како што рече, не постојат докази за навидите за сексуално насилство, туку станува збор за тактика на режимот во Киев и на Западот.
- Не се намалуваат на бројот на неоснованите обвинувања за сексуално насилство, како што гледаме и денес овдека. Би сакал да им се обратам на колегите кои денес станаа особено огорчени на оваа тема. Би ве поканил да бидете внимателни бидејќи за ваквите наводите од Киев, нема апсолутно никаква неопходна доказна основа. Зголемувањето на обвинувањата за рускиот воен персонал за сторени злосторства од сексуална природа од самиот почеток на нашата специјална воена операција во Украина стана омилена тактика на режимот во Киев и нашите западни колеги, рече Василиј Небензија, претставник на Русија во ОН.
Кога ќе се стави крај на страдањата на живилите не може да се претпостави, руски министер за надворешни работи, Лавров денеска ја обвини Украина дека одбива да преговара и со тоа, како што вели, „ја исполнува волјата на англосаксонското раководство на западниот свет“. Мировниот договор доби нацрт верзија но, нема никакво придвижување на процесот веќе месец и половина.
Билјана Ставрова
