Вести Свет Топ вести

Пристигна првата реакција на Русија на одлуката на ЕУ да ја забрани руската нафта

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, објави дека е постигнат договор за забрана за увоз на руска нафта во ЕУ.

„Ова веднаш покрива повеќе од две третини од увозот на нафта од Русија, намалувајќи го огромниот извор на финансирање на руската воена машина. Ова создава максимален притисок врз Русија да ја прекине војната“, рече Мишел.

ЕУ, исто така, наводно преговарала за договор за забрана на 90 отсто од увозот на нафта од Русија во блок од 27 земји до крајот на 2022 година. Лидерите, исто така, се согласија да ја исклучат најголемата руска банка, Сбербанк, од системот СВИФТ и да забранат уште три руски државни телевизии и да ги санкционираат одговорните за воените злосторства во Украина, додаде тој.

Според „Гардијан“, пристигна првата реакција од Русија на одлуката на ЕУ да ја забрани руската нафта.

Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, се огласи на Твитер по соопштението на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Како што вчера со право рече Фон дер Лајен, Русија ќе најде други увозници. Важно е да се напомене дека таа сега противречи на нејзината вчерашна изјава. Многу брзата промена во начинот на размислување покажува дека ЕУ не е во добра форма“, напиша тој.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Угостителите во Гостивар преминаа на пакувана вода, пластичен прибор и хартиени чаши – утврди Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Им попречил пат, се заканувал и со нож им исекол гума од автомобилот – постапка против работник кој нападнал газди заради неисплатени дневници

Sasko Dimovski

Откако се скарале, татко без дозвола ѝ го зел 10-месечното бебе на сопругата во Гостивар и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе