Вести Свет

Авион се урна во Непал, загинаа сите 22 патници

Пронајдени се телата на сите 22 лица, кои биле во авионот што се урна во планинска област во Непал, изјави непалски официјален претставник.

Двајца Германци, четворица Индијци и 16 Непалци летале со „Де Хавиланд канадски ДХЦ-6-300 близначка видра“, која се урна 15 минути по полетувањето од туристичкиот град Покара, 125 километри западно од Катманду во неделата наутро.

Дестинацијата на авионот беше Џомсом, популарно туристичко и аџилак место, на 80 километри северозападно од Похара, која е оддалечена на 20 минути лет.

„Спасувачите ги пронајдоа сите 22 тела од местото на несреќата“, изјави Део Чандра Лал Карна, портпарол на непалската цивилна авијација.

Непалските војници и спасувачи вчера пронајдоа 21 тело. Последното тело е пронајдено утрово, изјави Карна. Непалската влада формираше петчлена комисија за утврдување на причините за несреќата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Околу 16 милиони евра одлетаат од општинските каси, парите им избегаа со истекот на рокот

Дејан Дејан

Кисела Вода не знае кој извршил реконструкција на патот кај Теферич

Kristina Kuzmanovski

Отворил боледување, а одмора во странство – со анонимни пријави ќе се воведува крај на лажните отсуства од работа

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе