Вести Свет Топ вести

Средба на Г7 во Германија, ќе се бара решение за украинската економија

Партнерите од Г7 денеска треба да имаат средба во Германија, каде ќе бараат решение за   украинската економија, опустошена од војната, јави Би-би-си.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека досега ветената поддршка, „нема да биде доволна да ги покрие потребите на Украина, дури ни на краток период“.

Јелен, која ќе биде присутна на средбата во Коенигсвинтер, ги повика американските партнери да „се приклучат во зголемување на нивната финансиска поддршка“ за Украина.

Руската инвазија ги уништи украинските финансии. САД продолжија со пакет помош од 40 милијарди долари за зајакнување на касата и воените резерви на Киев. Но, најголемата светска економија се соочува со сопствени предизвици дома, со пораст на инфлацијата, додека се зголемуваат стравувањата оти земјата може да оди кон рецесија. Европа се соочува со слична ситуација, а големата зависност на континентот од рускиот увоз на енергија, остава изложеност на понатамошни поскапувања на горивото, или потенцијални нарушувања во снабдувањето

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европска централна банка: Каматните стапки остануваат непроменети поради флуктуациите на цените на нафтата

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе